Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар владее во Скопје, нов дуел на ривалите

Вардар владее во Скопје, нов дуел на ривалите

Утре на програмата е ново коло од првата македонска фудалска лига. Во него, на програмата е Градското дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички.  Вардар по одиграни 14 првенствени рунди се наоѓа на првото место на првенствената табела со дури 34 бодови. Утрешниот наш противник ја завзема четвртата позиција на табелата со само 20 осовени бодови досега, или дури 14 помалку од нашиот “црвено – црн” тим.

Вардар и Работнички имаат одиграно голем број на натпревари во својата историја. На последните пет официјални натпревари Вардар има скор од четири победи и само еден нерешен резултат против Работнички. Овие два тима оваа сезона еднашка ги одмерија силите, на тој натпревар одигран на 18.09.2016 Вардар славеше минимален триумф од 1:0 со голот на Бобан Николов. Последен пат Вардар загубил од Работнички на 04.05.2014 година. Очекуваме победничката низа да продолжи и на утрешниот натпревар, кој ќе може да го проследите и со директен пренос на Сител 3. Натпреварот започнува од 13 часот.