Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Нема време за одмор, утре дуел со Ренова
Нема време за одмор, утре дуел со Ренова

Нема време за одмор, утре дуел со Ренова

Жешкото темпо за фудбалерите на Вардар продолжува и утре во Тетово, овој пат на дуел со екипата на Ренова. Вардар утре мора да ги нападне трите бода и да покаже дека е далеку од тим кој ќе се бори за опстанок во лигата. Гостува кај екипа кој е во резултатска криза и има два порази пролетва.

Радува тоа што сите фудбалери се подготвени за настап, нема повреди ниту пак суспендирани играчи. Вардар се покажа одлично во Тетово против фаворизираната Шкендија, а сега ќе треба и против Ренова на истиот стадион.

Дуелот утре започнува од 14 часот и е последен од вториот круг. ТВ пренос од овој дуел не е најавен.