Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Веспрем или Кил, кој ќе биде противникот на Вардар во 1/8 финалето, одговор ќе добиеме утре
Веспрем или Кил, кој ќе биде противникот на Вардар во 1/8 финалето, одговор ќе добиеме утре

Веспрем или Кил, кој ќе биде противникот на Вардар во 1/8 финалето, одговор ќе добиеме утре

Претстојниве два дена ќе се одиграат натпреварите од последното 14.коло во двете групи од Лигата на Шампионите, по што ќе бидат познати и осмина-финалните двојки во најголемото ракометно натпреварување.

За Вардар се стеснува кругот, што се однесува на потенцијалните противниците во следната елиминациска рунда, а изборот останува на Веспрем или Кил, зависи од тоа дали Вардар ќе заврши на седмото или евентуално на шестото место во групата А.

Откако Брест Мешков со службен резултат го доби натпреварот со Порто, стана јасно дека црвено-црните можат највеќе да одат до 6.позиција во групата. За да се случи тоа, Вардар утре ќе мора да го победи тимот на Брест Мешков, додека Порто треба да загуби на домашен терен од тимот на Елверум. Само во овој случај Вардар би завршил како шестопласиран во групата А.

Доколку Вардар го освои тоа шестто место во групата, за противник во 1/8 финалето ќе го добие тимот на Кил, кој има најголеми шанси да заврши на третото место во групата Б. Кил во последното коло е домаќин на ППД Загреб, тоа е единствениот тим кој сезонава нема освоено ниту еден бод во ЛШ, па не би требало да има никакви проблеми за актуелниот шампион на Европа да слави во својата арена.

Доколку Вардар го освои седмото место во групата ( тоа ќе се случи, ако загубиме од Брест Мешков кој се бори да заврши на четвртото место во групата, или доколку победиме, а Порто слави над Елверум), во овој случај за противник во 1/8 финалето го имаме тимот на Веспрем, кој го има обезбедено второто место во групата.

Сите парови од 1/8 финалето ќе бидат познати утре после 22:00 часот кога ќе финишираат и последните дуели кои се закажани во вечерниот термин од 20:45 часот.

Вардар утре е домаќин на Брест Мешков, меч кој ќе стартува од 18:45 часот. Што е добро за Вардар, дали Кил или Веспрем, останува да видиме, и во двата случаи ќе имаме тешка задача да обезбедиме пласман во 1/4 финалето, но сепак Вардар е двократен шампион на Европа и не треба да се плаши од никој.