Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > КУП: Вардар во финалето од 1/4-фин. група во недела го очекува победникот од О.Поле-Стружанка
КУП: Вардар во финалето од 1/4-фин. група во недела го очекува победникот од О.Поле-Стружанка

КУП: Вардар во финалето од 1/4-фин. група во недела го очекува победникот од О.Поле-Стружанка

Прв предизвик во 2021 година,  како официјален дуел кој ги очекува девојките на Драгана Ристова и Александар Царчев е во Купот на Република Македонија. Сите екипи се поделени во четири групи, ЖРК Вардар се наоѓа во групата „В“.

Покрај нас во оваа 1/4-финална група се и тимовите на ЖРК Стружанка од Струга, и тимот од Свети Николе, екипата на ЖРК Овче Поле СУ. Другите два тима ќе играат во полуфиналето на групата, а црвено-црните дами дирекно во финалниот дуел поради високиот пласман на табелата оваа есен што носи статус на носител. Мечот  по кој ќе се знае нашиот ривал ќе се одигра во сабота, 6.март.

Вардар финалето во 1/4-финалната група ќе го игра ден потоа, на 7.март кога ќе го чекаме победникот на дуелот од претходниот ден. Ние сме домаќини на тој напревар во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Истиот е закажан со почеток во 17-00 часот.

Победникот од оваа 1/4-финална група во женскиот ракометен Куп заедно со победиците од останатите три групи( А,Б и Г) ќе ја формира четворката која иде понатака. Тие четири тима ќе настапат на завршниот Ф-4 турнир по кој ќе се знае шампионот за оваа сезона во ова напреварување.