Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Отворете ги вратите на стадионите
Комити: Отворете ги вратите на стадионите

Комити: Отворете ги вратите на стадионите

Подгрупата на Комити, Екипа ПИВО-ФКВ бара да се отворат вратите на стадионите, бидејќи фудбалот се игра за навивачите. Кога може да се дозволуваат собири на други места, зошто да не и на стадионите, каде и така имаше очајна бројка на посети и пред да се случи пандемијата со вирусот.

Ви го пренесуваме нивниот текст во целост:

Според информациите на некои медиуми, изминатиов викенд Зоолошката градина во Скопје ја посетиле околу 17.000 посетители. Толку посетители нема на годишно ниво низ стадионите во Македонија, а посебно не на Градски стадион Скопје. Тука се поставува прашањето, дали ова е чиста дискриминација врз навивачите во Македонија!? Очигледно дека е така!
Дозволени се протести, кадешто во никој случај не се запазуваат мерките за заштита; дозволени се преполни кафани во затворен простор кадешто исто така не се запазуваат мерките; дозволено е илјадници посетители дневно во зоолошки градини и паркови; дозволно е групирање за оддавање почит кон некоја личност…
Сепак НЕ Е ДОЗВОЛЕНО следење на еден фудбалски натпревар на Градски стадион, на отворен простор, којшто има капацитет од 35,000 и е повеќе од доволен за Вардаровите навивачи да почитуваат мерки.
Доволно е 10% од капацитетот на стадионот да биде отворен за Вардаровите навивачи!
СТОП ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ВРЗ НАВИВАЧИТЕ!
ОТВОРЕТЕ ГИ СТАДИОНИТЕ!