ФК Вардар утре ќе го одигра првиот тест натпревар на летните подготовки во Словенија. Противник на Вардарци ќе им биде тимот на Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице. Овој натпревар е предвидено да започне со почеток од 18.00 часот.
Екипата на Дравиња доаѓа од Словенија и во овој момент настапува во третата по ранг лига во земјата. Овој тим е составен од домашни играчи, а има и еден интернационалец од Србија.
Дека се работи за доста неквалитетен тим покажува и податокот дека тимот на Марибор во пријателски натпревар одигран на 26-ти јуни ја поразил екипата на Дравиња со високи 10:0.
Очекуваме добра игра на Вардар и лесна победа. Сеуште не е познато дали ќе има видео стрим од овој дуел на официјалната страна на ФК Вардар.