Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар со „млади сили“ ќе напаѓа во Словенија!
Вардар со „млади сили“ ќе напаѓа во Словенија!

Вардар со „млади сили“ ќе напаѓа во Словенија!

Македонскиот фудбалски вицепрвак Вардар е на подготовки во Словенија каде напорно работи за наредната сезона. Александар Васоски, тренерот на „црвено-црните“, на овие летни подготовки има комплетно млад напаѓачки тим, нешто што одамна му се нема случено на овој Вардар.

Прва опција во шпицот на нападот се чини ќе биде Џемал Ибиши, играч кој постигна погодок против Работнички и дополнително се наметна кај тренерскиот тим. Покрај него, тука секако е и Бојан Колевски, од кој се очекуваат исто така голови оваа сезона. Покрај стандардните млади крилни играчи Матеј Цветаноски, Даниел Аврамовски и Јован Попзлатанов, тука се и младите „новајлии” Азар Омерагиќ, Давид Велковски и Александар Трајчевски, играч кој постигна погодок против Тиквеш за 3:3.

Првиот пријателски натпревар во Рогашка Слатина ќе биде одигран утре, кога противник на екипата на Вардар ќе биде словенечкиот тим Дравиња кој доаѓа од Словенске Коњице, па останува да видиме како ќе се покажат на дело сите овие играчи.