Довчерашниот голман на Вардар Јуниор, Андреј Петковски во новата сезона ќе настапува за екипата на Работнички. Голманот кој ги помина сите младински екипи на Вардар, се договори со новиот суперлигаш за соработка на една година.
Младиот голман имаше забележано настапи и за првиот тим на Вардар во СЕХА-лигата, а беше и на подготовките со црвено-црните во Крањска Гора. Петковски е исто така, и кадетски и младински репрезентативец на Македонија.
Работнички минатата сезона се натпреваруваше во првата ракометна лига, но успеа да обезбеди учество во најсилнатга Супер лига, откако преку баражот ја совлада убедливо екипата на Прилеп.