Фудбалерите на Вардар под водство на Бобан Грнчаров веќе две недели тренираат во Скопје и се подготвуваат за новата сезона каде немаат никакви изговори освен да одиграа добро и да влезат во Првата лига.
Црвено-црните веќе и одиграа еден пријателски дуел, но тој е далеку од мерило за силината на овој тим. Според последните информации, Вардар нема да застане со засилувањата, па така веќе на големо се бара нов стопер, односно замена за Стојанов и Стојковски кои си заминаа од Вардар. Играчи има, е сега на кој ќе падне одлуката, односно и кој ќе сака да дојде во Вардар останува да сочекаме. Во овој момент Вардар како гласични дефанзивци ги има Мишковски и Ристевски, а се споменува дека и Мартин Блажевски ќе покрива на таа позиција.
Исто така ќе видиме што се биде и со позицијата десен бек. Матеј Николов е на проба во Вардар, но засега нема потпишано договор, а одигра на пријателскиот дуел со Локомотива.