Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар без Муслиу, Велковски и Брдаровски
Вардар без Муслиу, Велковски и Брдаровски

Вардар без Муслиу, Велковски и Брдаровски

Вардар утре ќе го одигра третиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа. Во Скопје овој пат ни доаѓа тим од Шпанија, станува збор за тимот на Реал од Сосиедад.

За овој натпревар тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски нема да може да смета на неколку играчи. Поради повреди во тимот ќе ги нема дефанзивците Дарко Велковски, Висар Муслиу и Владица Брдаровки. На овие играчи им се приклучуваат Максимов и Попов кои немаат право на настап.

Од друга страна, радува враќањето на Новак и Николов во тимот и одличната форма на Итало. Натпреварот утре ќе започне со почеток во 19 часот.