Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Петта последователна победа за ЖРК Вардар во Супер-лигата
Петта последователна победа за ЖРК Вардар во Супер-лигата

Петта последователна победа за ЖРК Вардар во Супер-лигата

Екипата на ЖРК Вардар ја запиша својата петта последователна победа во супер лигата. Во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните убедливо ја победија екипата на Пелистер.

Натпреварот започна со два наши гола за интересно да израмни екипата од Битола на 2:2, по што Вардарки направија серија од 9:0 за уште на стартот да се одлепат резултатски и да имааат водство од 11:2. На секој гол на противникот, избраничките на Дибирова враќаа со серија, така беше и кога Пелистер го постигна својот трет гол, за Вардар да врати со серија од пет последователни голови и да има убедливи 16:13. Така до крајот на првото полувреме, гостинот постигна само четири, наспроти 12-те гола на нашиот шампион, за на полувреме да се замине со резултат 25:7.

Второто полувреме го отворивме со четири последователни голови за предност од 29:7. Тренерескиот тандем, Дибирова и Парондо имаа само 11 ракометарки на располагање за овој меч, од кои двата голмани, Мицевска и Суслина и тие само единствено со Чанаџија не се запишаа во листата на стрелци. Во второто полувреме предноста во наша корист само растеше, за на крајот да славиме убедливо со резултат од 46:13.

Кај Вардар најефикасна беше Лакрабер која постигна 11 голови, додека Ристовска и Кликовац додадоа по 8 погодоци.

ЖРК Вардар: Кликовац 8, Саздовска 3, Бајрамовска 5, Мицевска, Керамичиева 2, Чанаџија, Суслина, Лакрабер 11, Хмирова 6, Петровиќ 3, Ристовска 8.