Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се „сопна“ на стартот, црвено-црните одиграа само реми со Аресими
Вардар се „сопна“ на стартот, црвено-црните одиграа само реми со Аресими

Вардар се „сопна“ на стартот, црвено-црните одиграа само реми со Аресими

Денес стартуваше пролетниот дел од сезоната во ВМФЛ, неславен старт имаше Вардар со оглед дека не успеа да стигне до победа на домашното соочување со екипата на Аресими. Натпреварот заврши без победник, со конечни 1:1 (0:1).

Вардар денес самиот се победи, може така да се каже, со оглед дека не успеа да реализира неколку добри шанси во првиот дел, а исто така и промаши удар од белата точка, односно гостинскиот голман го спречи ударот од 11.метри на Дарко Мицевски, кој во 30.минута не успеа да донесе водство за црвено-црните. Тоа го казнија гостите од Гостивар, кои во 33 минута успеаа да го совладаат Гачевски во 33 минута и да поведат со 0:1, резултат кој беше актуелен на полувреме.

Вардар тргна со сите сили во вториот дел од натпреварот, но не успеа да направи комплетен резултатски пресврт. Дарио Десниќ во 71 минута го израмни резултатот на 1:1, до крајот имавме прилики преку Жоглев, но немаше нова промена на резултатот.

Победи на стартот остварија Гостивар, Воска Спорт и Пелистер. На табелата, Гостивар е прв со 40 бодови, додека, Вардар и Воска имаат по 37 бодови, а Пелистер 33. Во следното коло, Вардар гостува кај Охрид, кој денес беше поразен од екипата на Тетекс.