РК Вардар продолжи со одличните игри во плеј-офот, денес гостувавме во Охрид кај истоимениот тим, во полната сала ги совладавме домаќините со резултат 23-26.
Првиот дел, односно почетокот целосно ни припадна на нас, момците на Недаловски поведоа со шест плус на почетокот при резултат 2-8. Домаќинот се обиде да се врати, намали половина од негативата па на одмор заминавме со три гола повеќе односно со резултат 12-15 за црвено-црните.
Во вториот дел бевме подобри на стартот и поведовме со пет гола, 13-18. Охрид мотивиран од полната сала одигра одлично, ја топеше нашата предност па во 49.минута дојдоа на само гол негатива, на семафорот беше 20-21. Двата тима постигнаа по два гола и на 6.минути до крајот “висевме“ при резултат 22-23. Томовски имаше важна одбрана, Георгиевски и Моралес погодија и се одлепивме на три гола, успеавме да победиме на крајот со 23-26/
Kaj црвено-црните, Филип Талески со осум гола беше прв стрелец, а Дејан Манасков впиша пет погодоци.