Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Продолжуваат натпреварите во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Саса
Продолжуваат натпреварите во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Саса

Продолжуваат натпреварите во ВМФЛ, Вардар е домаќин на Саса

Во рамките на 22.коло во ВМФЛ, ФК Вардар е домаќин на екипата на Саса.

Натпреварот е закажан да се одигра во сабота (01.04) на стадионот “Борис Трајковски“ во населбата Маџари со почеток од 15:00 часот.

Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар на овие две екипи сезонава. Вардар два пати славеше против Саса, еднаш во рамките на лигата и во Купот на Р.Македонија.

Пред одигрување на ова коло, Вардар е лидер на табелата со 52.освоени бодови, додека Саса се наоѓа на 13.место со 17 бодови.