Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тиквеш парираше само во првото полувреме, Вардар со нова висока победа во Супер Лигата
Тиквеш парираше само во првото полувреме, Вардар со нова висока победа во Супер Лигата

Тиквеш парираше само во првото полувреме, Вардар со нова висока победа во Супер Лигата

Вардарци ја продолжуваат победничката серија во домашната Супер Лига, откако попладнево славеа на домашен терен против екипата на Тиквеш. Конечниот резултат гласеше 35:25.

Во првото полувреме, гостинската екипа од Кавадарци даде отпор, на моменти имаше и предност. Иако Вардар добро го отвори натпреварот и поведе со 5:2, дозволи во продолжение од првиот дел, Тиквеш да го превземе водството, па дури и да поведе до два гола разлика. До крајот на првиот дел се играше гол за гол на двете страни, а на полувреме ниту една од екипите немаше предност, па на одмор се замина со нерешен резултат 15:15.

338166547_155235510797117_5878996775485849170_n

 Недановски не сакаше да ризикува, па во вториот дел играше со најдобрата постава, гостинската екипа некаде до 40 минута одржуваше резултатска неизвесност, кога црвено-црните со серија од неколку погодоци се одлепија на плус седум, а крајот го приведоа рутински за конечна победа со резултат 35:25.

Дејан Манасков, Гоце Георгиевски и Јан Чувара постигнаа по 6 голови. Вардар со максимални 21 освоен бод останува на првото место на табелата.