Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Велес, Вардар ги бара првите бодови во новата сезона
Во Велес, Вардар ги бара првите бодови во новата сезона

Во Велес, Вардар ги бара првите бодови во новата сезона

Попладнево во Велес кај тимот на Борец, Вардар ги бара првите бодови во новата сезона откако тоа не му успеа на премиерниот натпревар во новата сезона, на домашен терен против тимот на Македонија ЃП.

Вардарци на попладневниот дуел на Градскиот стадион во Велес влегуваат како фаворити, но и пречекани од околу четири до пет илјади домашни навивачи, кои со нетрпение го очекуваа овој натпревар со години. За дополнителен мотив, управата на ФК Борец нема да наплаќа билети на овој натпревар. Покрај ова, да напоменеме дека и Вардар нема да биде сам. Околу 300 најверни навивачи на Вардар се очекуваат денеска да пристигнат во Велес и да му бидат од голема поддршка на својот миленик.

Во тимот за овој натпревар треба да се врати Филип Најдовски и да го завземе местото на Али Адем. Можеби и Колевски ќе добие шанса пред Ибиши во шпицот на нападот. Дуелот се игра со почеток од 17.00 часот. За сите оние кои нема да бидат на стадион, ТВ пренос е предвиден на МРТВ-1.