Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар и Работнички ги поделија бодовите, во градското фудбалско дерби кај генер. “2003“
Вардар и Работнички ги поделија бодовите, во градското фудбалско дерби кај генер. “2003“

Вардар и Работнички ги поделија бодовите, во градското фудбалско дерби кај генер. “2003“

Денес на теренот на Академијата се одигра градското фудбалско дерби кај генерацијата родени “2003“ година. Во еден интересен натпревар екипите на Вардар и Работнички ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат од 1:1.

Иако вардарци имаа најголем дел од играта и поголем посед на топка, сепак на крајот не успеаа да ги освојат бодовите. Со истиов резултат ззаврши и првиот сезонски меч, кога на истиов терен на отварање на сезоната одигравме исто така без победник. За разлика од тој меч, на денешниов, ибраниците на Горан Петрески имаа предност по првото полувреме од 1:0. Стрелец на голот беше Георг Стојановски, кој излезе сам со голманот, умешно се ослободи и ја смести топката во празната мрежа. Овој резултат беше актуелен по првите 40 минути од натпреварот. Во второто полувреме не успеавме да ја задржиме предноста и противникот успеа да го израмни резултатот на 1:1, што на крајот се покажа и како конечен на овој дерби дуел од регионалната-скопска лига.

ФК Вардар: Стојковски, Марковски, Ѓорѓоски, Сељанац, Јовановски, Давидовски (c), В.Стојановски, Петрушевски, Г. Стојановски, Прелоговски, Андрески.

Во игра влегоа уште и Павлески, Гуџуфи, Исмаили и Тасески.

До пред одигрување на ова коло, со кое се означи третиот круг на натпреварување, Вардар имаше седум бодови повеќе од екипата на Шкендија, која е наш единствен конкурент за трофејот во лигата. До крајот на сезоната остануваат за одигрување уште седум кола, а според распоредот следниот натпревар е против екипата на Македонија Ѓ.П.