Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес на програмата се три дуели на младите ракометни екипи, еден натпревар ќе се одигра в четврток
Денес на програмата се три дуели на младите ракометни екипи, еден натпревар ќе се одигра в четврток

Денес на програмата се три дуели на младите ракометни екипи, еден натпревар ќе се одигра в четврток

 Во текот на оваа работна недела ни престојат неколку мечеви на ракометните надежи. Денес на програмата се три меча на младите ракометни екипи на машкиот и женскиот клуб Вардар, а во четврток ќе се одигра уште еден дуел во кои пионерките се домаќини во салата “Кале“.

Кадетките на Вардар Јуниор, предводени од Драгана Пецевска- Ристова денес гостуваат во Куманово. Тие играат натпревар кај истоимениот женски кадетски состав вечерва со почеток во 19 часот и 30 минути. Ова е втор дуел во кадетската лига во првиот на домашен терен тие високо ја поразија екипата на ЖРК Гевгелија.
Пионерките на Вардар предводени од Анжела Платон и Александра Кузмановска играат натпревар во четврток, на 20.април. Тие се домаќини во салата “Кале“ на екипата на ЖРК Куманово, oва е дуел од последното, 14-то коло во пионерската лига за црвено-црните дами кои за кои оваа е прва година како се натпреваруваат во лигашки систем како тим.

Кај момците на програмата денес се два дуела, свои настапи имаат кадетите и младинците. Кадетите на РК Вардар предводени од Адријана Будимир денес во 20-00 часот во салата “Кале“ ја пречекуваат екипата на РК Ѓорче. Ова е втор натпревар во кадетската лига за црвено-црните. Тие во првото коло ја совладаа екипата на РК Шампион од Скопје, овој тим викендов го очекува завршниот турнир во пионерската лига каде ќе атакуваме на титула.
Младинците на РК Вардар предводени од тренерското дуо Чивлачки Слободан и Грчевски Кристијан исто така денес во салата “Кале“, тие  се домаќини во рамки на дуел од младинската лига. Вардарци го пречекуваат тимот на РК Охрид, мечот ќе се игра со почеток во 18-00 часот. Тие сигурно газат во нивната група, незнаат за пораз  оваа сезона и веќе имаат обезбедено завршен турнир каде ќе се борат за титулата.