ФК Вардар по се изгледа нема да остане само на македонскиот ростер оваа сезона. Од денеска во базата на Вардарци има една ,,кариока”. Се работи за младиот 23-годишен Чарлестон Силва дос Сантос, на кој последен клуб му е Царско Село од Бугарија.
Се работи за дефанзивец, кој минатата сезона одиграл четири првенствени натпревари за овој споменат тим. Покрај во Бугарија, Чарлестон бил дел од неколку бразилски тимови, воглавно од понизок ранг.
Чарлестон најпрвин ќе биде на проба во редовите на шампионот, а по паузата можеме да очекуваме и негов потпис. Вардар ќе донесе и уште најмалку едно ново име, кое е договорено, но не откриваат за кого точно станува збор.
Видео од Чарлестон Силва дос Сантос: