Магдалена Тошевска ја пополни левата бековска позиција во тимот на ЖРК Вардар. Таа претходно настапуваше во пионерско/кадетскиот состав на црвено-црните девојки.
На вчерашниот меч со РК Спартак Кисела Вода, младата ракометарка имаше одлично деби. Доби прилика за настап, воедно погоди со 100% ефект, таа извееде три пенала и беше успешна во сите три обида.
Станува збор за играч со голем потенцијал, изворедна висина и голема желба за напредок. Пред неа е многу работа со тренерското дуо Ристова-Царчев за да напредне на нивото на сениорка. Таа е родена 2004 година и е најмладата во сениорскиот црвено-црн состав.