Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар не дава бодови, Ренова испратена од Скопје со наведната глава!
Вардар не дава бодови, Ренова испратена од Скопје со наведната глава!

Вардар не дава бодови, Ренова испратена од Скопје со наведната глава!

Вардар продолжува со победничкиот танц во ПМФЛ. Шампионот на Македонија нанижа уште една победа, овој пат “жртва” беше тимот на Ренова. Вардар одигра лош прв дел без ниту една убава шанса за гол, но затоа во вториот одигра солидно, створи голем број на шанси за гол, за на крај заслужено да се радува на нова победа. До крајот на шампионатот остануваат уште дуелите против Пелистер на гости и оној на домашен терен во последното коло против Силекс.

Вардар и Ренова одиграа многу мирољубиво во првите 45 минути. Речиси и да немаше некој посериозни закани и кон двата гола. Вардар првата закана кон голот на Ренова ја имаше во 18 минута, еден удар упати Џигаури кој отиде над голот на гостите. Во 34 минута Ренова ја имаше најубавата шанса на натпреварот во првиот дел, Велинов упати удар од над 25 метри, но Алексовски лесно го одбрани тој шут. До крајот на првиот дел Вардар се закани повторно преку Џигаури од слободен удар, но и неговиот удар голманот на Ренова лесно го скроти. Последната шанса во првиот дел ја имаше Блажевски, но и неговата закана заврши над голот на гостинот.

fkv-demiriНа почетокот на вториот дел во редовите на Вардар беа извршени две замени. Во игра влегоа Спировски и Балотели на местата на Џигаури и Николов. Гооол на Вардар! Се играше 54 минута од натпреварот, нововлезениот Спировски одлично му додаде една топка на Барсегјан во празно, кој истрча спринт и го матираше голманот Хаџо со еден прецизен удар ниско по земја. Лесно можеше да се случи Вардар во следните два напади да постине и уште два погодоци. Најпрвин Балотели одлично го мина голманот Хаџо и шутираше, но во последен момент од гол линијата спаси чист погодок Велија. Во следниот напад во одлична шанса се најде Глигоров, шутираше од пеналтикот но само над голот на противникот и пропадна и оваа голема шанса за нов гол. Гооол на Вардар! Во 64 минута Вардар зголеми и на 2:0 стрелец на голот беше Балотели кој шутираше прецизно во долниот лев агол од голот на гостинот. Во 86 минута во Вардар беше извршена и третата замена, од игра излезе Блажевски а на негово место во игра влезе младиот Тодор Тодороски кој дебитира во сениорскиот дрес. Со резултат 2:0 заврши овој дуел.