Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Металург “недораснат“ ниту за вториот тим на ЖРК Вардар, “сестринските“ екипи на Вардар ќе играат во финалето на супер лигата
Металург “недораснат“ ниту за вториот тим на ЖРК Вардар, “сестринските“ екипи на Вардар ќе играат во финалето на супер лигата

Металург “недораснат“ ниту за вториот тим на ЖРК Вардар, “сестринските“ екипи на Вардар ќе играат во финалето на супер лигата

Двете “сестрински“ екипи на ЖРК Вардар утре ќе играат во големото финале, кое ќе го даде новиот шампион на Македонија. Ова е епилогот од денешните одиграни полуфинални мечеви во малата сала на С.Ц. Јане Сандански. Вториот тим на Вардар, успеа да го победи Металург и да ја потврди доминацијата на нашиот клуб во женскиот ракомет.

Металург го отвори натпреварот со гол, за во нашиот прв напад да погоди Симона Стојановска за израмнување на резултатот. Во текот на целото прво полувреме се играше гол за гол и двете екипи постојано се менуваа во водство. Само во еден момент тимот од Автокоманда имаше предност од два гола (10:12), за набрзина да вратиме и со голот на Нолевска да го израмниме резултатот. Се играше цврсто на двете страни, каде како што напоменавме се играше гол за гол. Кога Вардар имаше водство од еден гол, противникот враќаше со два и обратно, за на полувреме, Металург да има еден гол предност од 14:15.

vardarfans-2

Вториот дел започна со гол за Металург кој поведе со 14:16, но младите Вардарки одговорија со серија од 3:0 и со погодокот на Клаудија Ѓорѓиевска имаат водство од 17:16. Во 43 минута за прв пат на мечот, избраничките на Симовски стигнаа до предност од два гола, резултатот во 42 минута гласеше 21:19, а капитенот Трпковска донесе за прв пат два гола разлика за својот тим.

vardarfans-1

На голот застана и Љупка Белемезова, која ја замени Петковска и веднаш стигна до две одбрани. Вардар играше се подобро и во 45 минута со голот на Керамитчиева стигна до водство од 23:20, а во брз контра-напад погоди и Митова за резултат од 24:20. Намали тимот од Автокоманда за момент, но црвено-црните со два гола во серија носат највисоки пет голови (26:21) во 50 минута. Намали Металург на 28:26, но немаше време за тимот од Автокоманда да направи пресврт.  Конечниот резултат на крајот гласеше 30:28.

Најдобра беше Симона Стојановска со 9 голови, додека Маја Трпковска и Теодора Керамитчиева додадоа по 5.

Двете екипи  на Вардар утре од 15: 00 часот ќе го одиграат финалниот натпревар во плејофот на супер-лигата.