Црвено-црните го одбранија трофејот во купот, кој е вкупно 12-ти во историјата на клубот. Избраниците на Раул Гонзалес во големото финале, кое се играше во Битола, ја совладаа домашната екипа на Еурофарм Работник (26:31) и на тој начин ја потврдија доминацијата во Македонија, која владее последниве неколку години. Ова беше втор освоен трофеј оваа сезона за Вардарци. По завршување на финалниот дуел, беа доделени медалите, како и поединечните награди за најдобри поединци.
За МВП на завршниот турнир во купот е прогласен Лука Циндриќ. Тој на двата натпревари постигна вкупно 8 голови и беше еден од најдобрите поединци во составот на Вардар. За најдобар стрелец и голман, добија порнешни играчи на Вардар. Тоа е Филип Чурлевски и голманот Градимир Чаневски.