Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преспа и РК Вардар 2 ги поделија бодовите, на натпревар во првата ракометна лига
Преспа и РК Вардар 2 ги поделија бодовите, на натпревар во првата ракометна лига

Преспа и РК Вардар 2 ги поделија бодовите, на натпревар во првата ракометна лига

Екипите на Преспа и Вардар 2 ги поделија бодовите, во рамките на натпревар од првата ракометна лига. Мечот се играше во спортската сала “Зоран Стојановски“ во Ресен и заврши со нерешен резултат 21:21.

Домашниот тим со водство од 2:0 го отвори мечот, но Вардарци бргу одговорија и вратија во иста мера, израмнувајќи го резултатот на 2:2. Секогаш кога Преспа ќе поведеше со два гола разлика, избраниците на Зоран Петковски враќаа и го израмнуваа резултатот. Имаше Преспа во овој дел од натпреварот постојано водство, од 7:5, 8:6 и 9:7, а на полувреме замина со предност од 11:8, што беше и највисока во првиот дел за домашниот тим.

Првиот гол во второто полувреме го постигна екипата на Вардар, за да го намали резултатот на 11:9. Потоа двете екипи постигнаа по два гола, за Преспа да одржува позитива од два погодоци. При резултат 13:11, младиот состав на Зоран Петковски успева да постигне четири последователни голови и да направи резултатски пресврт и да поведе со 13:15. Домашниот тим ја прекина нашата серија и врати со два погодоци, за ново израмнување на 15:15, по што натпреварот стартуваше од почеток. Вардарци има за што да жалат бидејќи беа поблиску до триумфот на овој дуел. Имавме водство од 17:20 и 19:21, но во финишот противникот постигна два гола и на крајот извади бод од овој меч. Конечниот резултат гласеше 21:21. Само да потсетиме дека со нерешен резултат заврши и дуелот на Кале, помеѓу овие две екипи во есенскиот дел од сезоната.

Интересно е што на денешниот меч со исклучок на Гичев и Атанасовски, како и голманите, сите останати се запишаа во листата на стрелци, но ниту еден играч немаше повеќе од 3 голови. Одлични на голот беа Брауновиќ и Петковски.

РК Вардар 2: Петковски, Дамчески 1, Чакалиќ 1, Крстевски 3, Мишевски 2, Трајковски 2, Димитров 3, Апостоловски 1, Гичев, Лазов 1, Мицановски 1,