Екипата на ФК Вардар го доби денешниот контролен натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П
На теренот во Ѓорче, црвено-црните славеа со резултат 2:0, со головите на Јован Попзлатанов и Али Адем. Одлична игра за нашиот состав, која на крајот беше крунисана со победа.
Тренерот Васоски на денешниот дуел им даде шанса на сите играчи кои му беа на располагање. Недостасуваа Џемал Ибиши, Бојан Димовски и Леонид Игнатов, сите поради повреди.
Во стартниот состав на овој дуел беа: Илиќ, Новак, Младеновски, Наумчевски, Велковски, Жуниор, Најдовски, Реџепи, Цветановски, Попзлатанов, Колевски.
Во игра влегоа уште и Мицевски, Брдаровски, Адем, Тошевски и Аврамовски.