Saturday ,21 September 2019
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вчера, ЖРК Вардар и РК Кузман „спарингуваа”
Вчера, ЖРК Вардар и РК Кузман „спарингуваа”

Вчера, ЖРК Вардар и РК Кузман „спарингуваа”

Вчера во Спортскиот центар „Јане Сандански” во Скопје последен контролен натпревар пред почетокот на Супер лигата одигра ЖРК Вардар. Тимот на Ристова Драгана за спаринг-партнер го имаше новиот суперлигаш, РК Кузман Вардар од населбата Илинден.

Двата тима го искористија овој дуел за да пробаат со што се расополагаат пред суперлигашките предизвици. Победата ја остварија поискусните девојки на Вардар. Пред се, се работеше за давање на шанси на целиот ростер. Триумфот  на вардарки  на оваа средба дојде со убедлив резултат, 41:5.

Кај Вардар на „контролката” најпрецизна беше капитенот Диневска со пет погодоци, по четири имаа Божиновска, Трпевска, Јаковчевска и Васeвска, а по три пати стрелаа Коларовска и Седлоска. Илиќ имаше 5 одбрани, а Трајкоска една помалку.