Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > БРАВО МОМЦИ, ВАРДАР ЈА ОСВОИ СТРУМИЦА, БЛАЖЕВСКИ ДОНЕСЕ ПРВА ПОБЕДА СЕЗОНАВА
БРАВО МОМЦИ, ВАРДАР ЈА ОСВОИ СТРУМИЦА, БЛАЖЕВСКИ ДОНЕСЕ ПРВА ПОБЕДА СЕЗОНАВА

БРАВО МОМЦИ, ВАРДАР ЈА ОСВОИ СТРУМИЦА, БЛАЖЕВСКИ ДОНЕСЕ ПРВА ПОБЕДА СЕЗОНАВА

Вардар стигна до првата победа сезонава. Попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица, црвено-црните ја победија екипата на Академија Пандев. Еден гол го реши победникот, истиот заврши во мрежата на струмичани, откако Блажевски прецизно биеше од белата точка.

Првиот директен удар кон еден од двата гола го имаше домашниот тим, уште во 2.минута од мечот се обиде Миловановиќ кој биеше откосо од десната страна, но топката отиде над голот на Илиќ. Вардар беше рамноправен противник во првото полувреме, дури ја имаше и најголемата прилика да го отвори резултатот. Се играше 10.минута од дуелот кога, Фитор Реџепи, се најде во акција, од левата страна ја нафрли топката, која погоди во еден од противничките играчи и истата ја погоди само стативата од голот на домаќинот. Голманот Алчевски беше немоќен во оваа ситуација, само со поглед ја испрати топката, која за среќа на пандевци заврши во стативата, па резултатот остана непроменет.

Само две минути подоцна, црвено-црните се најдоа во нова ситуација за погодок, но помошникот судија го дигна знаменцето, сугерирајќи дека Колевски се нашол во недозволена позиција, иако според камерите на МТВ, кои неколку пати ја вратија снимката, нашиот напаѓач се наоѓаше во дозволена позиција, сепак главниот судија ја прекина играта, па ни беше одземена приликата да го совладаме противничкиот голман. Домаќинот немаше ниту една конкретна прилика за погодок, додека Вардар во 32 минута се обиде преку Мицевски, кој од слободен удар, за малку биеше крај голот. Последен кој имаше обид до крајот на првото полувреме кај Вардар, беше новото засилување кое пристигна од Борец, се работи за Лазаревиќ, кој од голема далечина бие непрецизно. Кај А.Пандев, се закани Милованиќ кој шутира од левата страна, но Илиќ не дозволи да биде изненаден, па ја прибра топката во рацете. По истекот на првите 45 минути, резултатот беше оној почетниот 0:0.

Вардар и во вториот дел ја имаше првата поконкретна прилика да го отвори резултатот. Се играше 57 минута кога после нафрлена топка од левата страна, Колевски беше највисок во противничкиот шеснаесетник, биеше со глава, топката заврши крај голот. Во 62 минута, А.Пандев остана со играч помалку на теренот, откако втор жолт картон поради играње со рака надвор од својот шеснаесетник, доби голманот Алчевски. Во 72 минута први измени во редовите на Вардар, во игра се Најденов и Блажевски, на местото на Лазаревиќ и Реџепи. Доминацијата ја претвараме со погодок, откако Цветаноски беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, главниот судија покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде нововлезениот „Шиле“, кој бие прецизно за предност на Вардар од 0:1, ова беше и прв погодок сезонава за црвено-црните. Васоски направи и трета замена, откако во игра влезе и Филип Петковски. А.Пандев се обидуваше да дојде до израмнување, но вардарци имаа контрола на теренот и ги отстрануваа сите опасности пред голот на Илиќ. Во 88.минута во игра го видовме и 16-годишниот Георг Стојановски, кој го замени Цветаноски.Во последните минути од натпреварот, останавме без Попзлатанов, кој поради два жолти картони мораше да го напушти теренот. До крајот на дуелот без возбудувања на двата гола, Вардар слави голема победа, минимално со резултат 0:1.

Пофалби до целата екипа, најмногу до младите Величковиќ, Наумчески и Давид Велковски.