Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Деби од соништата, Мартин Радуловиќ-Величковиќ е новиот „бисер“ на Вардар
Деби од соништата, Мартин Радуловиќ-Величковиќ е новиот „бисер“ на Вардар

Деби од соништата, Мартин Радуловиќ-Величковиќ е новиот „бисер“ на Вардар

Вардар после натпреварот против Академија Пандев, дефинитивно добива уште еден голем бисер. Се работи за Мартин Радуловиќ-Величковиќ, кој денес дебитираше на официјален меч за првиот тим на Вардар.

Величковиќ ги одигра сите 90 минути во одбраната на црвено-црните, и беше последна пречка за противничките играчи пред нашиот гол. Одлично деби за младиот Величковиќ, кој инаку е генерација 2002, а со првиот тим на Вардар беше на подготовките во Анталија, оваа година.

Мартин е дете на Вардар, ги има поминато сите младински категории на клубот, а во новата сезона треба да настапува и за младинскиот состав, но по денешниот меч, не веруваме дека Васоски ќе дозволи да го испушти. Последниве три години, Величковиќ имаше голем напредок во својата игра, едноставно се изби од сенка, во стартниот состав на генерацијата 2002, откако започна да добива шанса како стартер. Неговиот напредок беше евидентен од натпревар во натпревар, едноставно беше лидер на оваа генерација, прашање на време беше само кога неговиот квалитет ќе биде препознаен од страна на стручниот штаб во првиот тим.

Последниве три години, Величковиќ, беше еден од играчите во младинската школа, кој добиваше признание со значителен придонес во Академијата на Вардар. Денес едноставно беше непогрешлив, одигра на максимално ниво во текот на целиот меч и може да го прогласиме и за играч на мечот.