ФК Вардар изминатиов викенд имаше чест да биде домаќин на еден одличен инклузивен настан заедно со Special Olympics во чест на Европската фудбалска недела за 2022 година. Соопштението од ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:
,,Ни беше голема чест да бидеме домаќини на еден одличен инклузивен настан заедно со Special Olympics во чест на Европската фудбалска недела за 2022 година. Повеќе од 100 атлети од повеќе градови во Македонија имаа можност да тренираат и да играат заедно со фудбалерите на нашиот тим со цел да покажеме како изгледа инклузија низ спорт и што значи Јунифајд спортување и кои се придобивките од него”.