Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дождот ја прекина доминацијата на Вардар
Дождот ја прекина доминацијата на Вардар

Дождот ја прекина доминацијата на Вардар

Вардар вчера го играше првиот пријателски натпревар на подготовките во Словенија, но истиот не заврши. Мечот со Дравиња кој се играше во Словенске Коњице беше прекинат во 60. минута. Силниот пороен дожд не дозволи мечот да има крај. До тогаш Вардарци имаа водство од 1:0.

Вардар ја имаше целосната доминација на овој дуел, очекувано. Во 3. минута Колевски не реализираше поволна шанса за рано водство на Вардар, а потоа Димоски во 12. минута шутира само крај голот. Во 14. минута шут и на Мицевски кој оди само крај голот. На полувреме се замина со почетните 0-0.

fkv-ibisi

Во вториот дел во 47. минута Вардар дојде до водство. Ибиши откако се ослободи од неколку играчи, погодува во мрежата за предност. Во 59. минута Игнатов се обидува со незгоден удар, меѓутоа одново противничкиот голман брани. И тоа беше се од шансите, затоа што минута подоцна во Словенске Коњице заврна силен дожд кој го прекина натпреварот.

Вардар: Гачевски (46’ Илиќ), Брдаровски, Серафимов, Најдовски, Жуниор, Игнатов, Мицевски, Димовски, Адем, Колевски, Ибиши.