За жал, црвено-жолтата младинска репрезентација на Македонија пропушти шанса да се пласира во 1/2финалето на ЕХФ шампионатот, откако загуби од домашната селекција на Литванија со резултат 24-21.
Во првите 30 минути домаќинките доминираа, па на пауза заминаа со седум гола предност 17-10. Во вториот дел заигравме поангажирано, па успеавме да дојдеме на само гол негатива. На 10.минути до крајот намаливме на 20-19, потоа правиме кардинална грешка, не успеваме да погодиме два пенали. Можеби селекторот требаше да се одлучи за една од вардарките кои одлично изведуваат пенали, во тие клучни моменти. Потоа домаќинот успеа да погоди и да ја одржува предноста, тие победија со 24-21.
Од Вардарки имавме три стрелци, Седлоска погоди три пати, по еднаш стрелаа Трпевска и Џатевска.
По овој пораз, следат мечеви за пласман 5 до 8 место во Клаипеда.