Изминативе три дена, кадетите на ФК Вардар беа дел од 13-сетото издание на силниот меѓународен турнир “Fudbal frends„ во градот Фоча (БИХ). Црвено-црните одиграа три натпревари на овој турнир, забележувајќи две победи и еден пораз, доволно за трето место на овој силен турнир. Во борба за третото место ја совладавме екипата на Марибор, со резултат 2:1.
Првото место им припадна на Ријека, која во големото финале ја совлада екипата на Црвена Ѕвезда. Поединечните награди ги собра токму тимот од Хрватска, кој го освои турнирот. Петтото место е за екипата на Будуќност, шестото е за Железничар, додека на последните две позиции се пласираа Партизан и Сутјеска.