Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ива Божиноска од Вардар, најефикасна во поразот на Македонија од Норвешка
Ива Божиноска од Вардар, најефикасна во поразот на Македонија од Норвешка

Ива Божиноска од Вардар, најефикасна во поразот на Македонија од Норвешка

Нов трет пораз за женската младинска репрезентација на европското првенство, кое се игра во Словенија. Нашите младинки не се прославија ниту на третиот меч, забележувајќи нов голем пораз, овој пат од селекцијата на Норвешка.

Уште по првото полувреме, противникот имаше двоцифрена предност, откако на полувреме се замина со резултат 19:9. Во вториот дел, само се зголемуваше разликата во корист на Норвешка, за на крај да слават со конечен резултат од 40:20.

Трет натпревар по ред, најефикасна наша ракометарка е од редовите на Вардар. Овој пат најефикасен играч, беше Ива Божиноска која настапува за младинките и вториот тим на ЖРК Вардар. Таа го заврши натпреварот со 6 постигнати голови, нешто што на претходните мечеви и успеваше на Гичевска. Во дуелот со Норвешка, Гичевска беше втор стрелец со 4 погодоци, додека по 1 гол постигнаа и другите Вардарки, Иванова, Николовска и пикерот Велкова.

На Македонија и останува да разигрува за 9-16 место на ЕП. Следните два натпревари се против селекциите на Романија и Шведска.