Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Капитенот на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска во новата сезона ќе игра за турски Ардесен
Капитенот на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска во новата сезона ќе игра за турски Ардесен

Капитенот на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска во новата сезона ќе игра за турски Ардесен

Капитенот на ЖРК Вардар СЦЈС, Маја Трпковска во новата сезона ќе настапува за екипата на Ардесен од Турција. Ова ќе биде прв интернационален предизвик за репрезентативката на Македонија, откако во претходне четири сезони го носеше црвено-црниот дрес. Трпковска беше важен дел од играта на младиот состав кој го предводеше Симе Симовски, со кој успеаа во последниве две сезони да биде вицешампион на Македонија.

По завршување на сезоната, неколку ракометарк од Вардар СЦЈС се решија среќата да си ја побараат во екипи, надвор од Македонија. Досега тимот го напуштија, Симона Стојановска, Наташа Нолевска, Љупка Белмезова и Сара Митова. Се уште не се знае со каков состав ќе настапува вториот тим на Вардар во новата сезона, но сигурно дека поголем акцент ќе стави на ракометарки од младинската школа на клубот.