Тимот на Вардар денеска ја стартуваше мисијата Лига на шампиони. Попладнево тренерот Седлоски го одржа првиот тренинг.
На овој прв тренинг присустуваше еден новајлија. Станува збор за младиот Исени кој ќе стане нов играч на “црвено – црните”. Покрај овој играч, на првиот тренинг присуствуваа и доста млади играчи, од младинскиот погон на тимот. Покрај младите, на овој тренинг се појави и Ацо Стојков, кој цела сезона тренираше со младинците на Вардар.
Исто така и многумина недостасуваа на првиот тренинг. На Филип Гачевски, Стефан Спировски, Џамбул Џигаури, Дамир Којашевиќ и на Тигран Барсегјан им е даден дополнителен одмор. Во следните неколку денови од Бразил треба да пристигнат Џонатан Боарето и Хуан Фелипе.
Вардар во Скопје ќе тренира се до недела.