Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младинското фудбалско дерби ќе се игра на Хиподром, Вардар е домаќин на Победа
Младинското фудбалско дерби ќе се игра на Хиподром, Вардар е домаќин на Победа

Младинското фудбалско дерби ќе се игра на Хиподром, Вардар е домаќин на Победа

Победа од Прилеп е противник за Вардар, во рамките на 24.младинско коло.

Во сабота, пионерските екипи ќе гостуваат во Прилеп, на натпревари кои ќе се одиграат на теренот со вештачка трева. Во недела, кадетите и младинците на теренот во Хиподром ќе ја пречекаат екипата на Победа. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Помладите пионери на Вардар и официјално станаа Шампиони, а натпреварот е важен за младинците на Вардар кои играат со првопласираниот тим на Победа. Разликата меѓу Победа и Вардар е само еден бод разлика, па со евентуална победа, црвено-црните ќе се вратат на првото место, во пресрет на последните две кола.