Вардар конечно доведе десен бек во својте редови. 24-годишниот фудбалер Никола Ристески потпиша едногодишен договор со ,,црвено – црните”. Ристески доаѓа од екипата на Ренова каде настапуваше оваа сезона.
Се работи за млад играч, кој покрај за екипата на Ренова има настапувано и за Работнички, Борец, Кит Го, Еуромилк и Кожуф. Да напоменеме дека Ристески настапуваше за младите категории на Вардар. Во 2015 година како играч на младинскиот тим, Ристески соработуваше со ,,Вардар Фанс” (види).
Ристески во новата сезона ќе го носи десот со број 13.