Thursday ,07 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вчера навиваше, а во среда ќе биде главниот адут на Вардар!

Вчера навиваше, а во среда ќе биде главниот адут на Вардар!

Кевин Њокас изгледа ни самиот не веруваше дека ќе има ваков правец неговата ракометна кариера во Македонија. Дојде да игра за еден клуб, потоа потпиша за друг клуб и веднаш стана миленик на навивачите. А како нема да стане миленик, кога дојде вчера да навива со ,,Комитите” во еден момент во СЦ. ,,Јане Сандански”…

Е сега, во среда ќе ги замени улогите. Нема да биде навивач, туку главен адут на својот тим кон уште една голема победа, овој пат против вицешампионот на Европа, дански Алборг. Њокас на минатиот дуел во ЛШ имаше 8/8 за памтење. Ние му посакуваме да има уште една блескава партија во среда за уште еден голем триумф на ,,црвено – црните”.

Средбата во среда ќе започне со почеток во 18:45 часот.