Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Завировски: „Време е, одиме”
Завировски: „Време е, одиме”

Завировски: „Време е, одиме”

 На 3 октомври низ улиците на метрополата ќе се одржи Скопскиот Маратон. Оваа манифестација прерасна во препознатлив бренд со организација рамна на големите маратони како Берлин, Лондон, Чикаго…

Патеката е исклучително брза. Се очекуваат идеални времински услови. Стартот е закажан во 8 часот кај спортскиот комплекс Борис Трајковски. Ова е втора година по ред Скопскиот Маратон да се организира во октомври. Во минатото беше резервиран за почетокот на мај. Завировски на оваа манифестација континуирано настапува од веќе далечната 2010 година.

Во изминатиот период Завировски тренира одлично. Најавува дека ќе нападне на силен резултат. Патеката му е добро позната на истата неговото најдобро време е 1-18-51поставено во 2016 год. додека најдобар резултат во кариерата му е 1-17-10 истрчан во Подгорица. По завршувањето на полумаратнот во Битола нашето црвено црно момче одработи исклучително добри подготовки во пресред на Скопскиот Маратон. Тој сака премин на 10км не побрзо од 40 минути. Што би значело побрз втор дел од првиот. Тоа го направи на полумаратонот во Охрид имаше одлична трка односно за 3 минути побрз втор дел од првиот.

Организацијата на Скопскиот Маратон е на врвно ниво од секој аспект. Останува само да им посакаме среќен пат на сите маратонци.