По перфектниот старт и двете победи, пред ЖРК Вардар е нов, трет предизвик оваа есен. Во рамки на 3.рунда од Групата-Б гостуваме кај тимот на ЖРК Овче Поле СУ.
Дуелот во Свети Николе е закажан за утре, среда (29.септември) со почеток во 19-30 часот. На дуелот кој ќе се игра во салата „Цар Самоил“ делегирани судии се: Драган Јовановски (Штип) и Иван Јованов (Радовиш). Од овој дуел исто така ќе има директен пренос преку видео стрим.