Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Вардар против Марибор, го отвараат турнирот во Фоча
Кадетите на Вардар против Марибор, го отвараат турнирот во Фоча

Кадетите на Вардар против Марибор, го отвараат турнирот во Фоча

Генерацијата на ФК Вардар родени “2001“ година веќе се наоѓаат во градот Фоча (БИХ), каде попладнево го играат првиот натпревар на 14-сетото издание на силниот меѓународен турнир, “Fudbal frends„ на кој учество ќе земат осум екипи.

Според програмата, својот натпревар, црвено-црните ќе го одиграат со почеток од 17:30 часот, а прв противник е екипата на Марибор од Словенија. На другите дуели од првиот натпреварувачки ден се среќаваат: Будуќност- Ријека ( 16:00), Сутјеска – Tjandžin Kvanžan (19:30) и од 21:00 часот ќе играат Железничар и Црвена Ѕвезда.

Доколку успееме денес да победиме, во текот на угтрешниот ден ќе играме во полуфиналето и ќе имаме можност да се борме за еден од медалите. Вардаровите кадети на турнирот се предводени од Златко Таневски. Минатата година, кадетите освоија трето место на истиов турнир.