Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Македонија ја победи Украина и ќе игра во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот
Македонија ја победи Украина и ќе игра во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот

Македонија ја победи Украина и ќе игра во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот

Младинската ракометна репрезентација на Македонија ќе игра во полуфиналето на ЕХФ Шампионатот, откако вечерва во неизвесна завршница беа подобри од селекцијата на Украина.

На Македонија и беше потребен и бод од овој дуел, но на крајот успеаа да победат. Иако во најголем дел од првото полувреме имавме негатива и од три голови, до истекот на првите 30 минути, противникот беше во предност од само еден погодок (14:15). Во второто полувреме се играше гол за гол на двете страни, а ниту една од репрезентациите не успеа да се одлепи на разлика поголема од два гола. Македонија во еден момент имаше и два гола разлика, но Украинците со неколку сврззани погодоци, повторно го вратија водството.

m20-ehf-championship-mkd-ukr-26-07-2018-4245

Еден од клучот на победата, беше и одбраната на вардаровиот голман, Марко Кизиќ, во моментите кога имавме еден гол негатива. На крајот подобро се снајдовме и успеавме да запишеме триумф, изразен со резултат 28:27.

Од играчите на Вардар, Марко Кизиќ имаше три одбрани, додека Марко Мишевски постигна два гола. Со триумфот го обезбдивме првото место во табелата и меч во полуфиналето, кој ќе се одигра во сабота, а противник ни се Фарски Острови.

m20-ehf-championship-mkd-ukr-26-07-2018-6748