Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Вардар против Њу Старс, во рамките на 8.коло од младинските фудбалски лиги
Вардар против Њу Старс, во рамките на 8.коло од младинските фудбалски лиги

Вардар против Њу Старс, во рамките на 8.коло од младинските фудбалски лиги

Четири младински екипи на ФК Вардар на 2 и 3.ноември ќе го одиграат 8.коло во младинските лиги. Пионерските екипи во сабота гостуваат во Ѓорче кај екипата на Њу Старс, додека кадетите и младинците во недела во Аеродром се домаќини на истиов противник.

Помладите пионери после седум одиграни кола немаат пораз во помладата пионерска лига. Оваа генерација на Вардар има скор од пет победи и два нерешени резултати, или 17 освоени бодови со кои се наоѓа на второто место на табелата, зад екипата на Работнички која има два бода повеќе. Што се однесува до екипата на Њу Старс, нашиот следен противник котира на 7.место на табелата со 9 освоени бодови.

Пионерите на Вардар се лидери во лигата, со шест победи и само еден пораз и 18 освоени бодови за оваа генерација која го завзема првото место. Екипата на Академија Пандев со 16 бодови се наоѓа на втората позиција, додека Шкендија и Работнички имаат по 12 бодови. Екипата на Њу Старс после седум одиграни кола има собрано осум бодови со кои се наоѓа на 7.позиција во пионерската супер лига.

Кадетите ќе се обидат да стигнат до третата последователна победа во лигата, откако во претходните две кола славеа во дуелите против Еуроспорт и Македонија Ѓ.П. Вардар се наоѓа на 4.место на табелата со 12 освоени бодови, додека прва е Шкендија со 16 бодови. На третото место е Работнички со 15, додека А.Пандев има 13 бодови. Њу Старс е во долниот дел од табелата, оваа екипа после седум мечеви има само 7 бодови.

Младинците ќе се обидат да ја прекинат серијата од два меча без победа во лигата. Оваа екипа на Вардар има скор од три победи, еден нерешен и три порази, или вкупно 10 бодови со кои се наоѓаат на 5.место на табелата. Њу Старс се наоѓа на 3.позиција со 14 бодови. Шкендија е прва на табелата со 19 бодови, додека втор е Работнички со 16 бодови.

Своите натпревари во сабота, пионерските екипи ќе ги одиграат во термините од 09:00 и 11:00 часот, додека кадетите и младинците ќе играат во термините од 10 и 12 часот во недела.