Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, ќе видиме!
Кокшаров: Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, ќе видиме!

Кокшаров: Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, ќе видиме!

Европскиот шампион в недела во Скопје го пречекува тимот на Мешков Брест во рамките од новото коло на Лигата на шампионите. На денешната прес – конференција тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров меѓу другото говореше и за неговата нова улога и рече дека последниот збор ќе го има сопственикот, а негово е да работи каде што е сега.

„Дали ќе бидам привремено решение или долготрајно, тоа е одлука на претседателот на Вардар. Ние разговаравме на темата, се консултиравме, разгледувавме опции, но дефинитивната одлука ќе ја донесе тој“, рече Кокшаров.