Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) „Царчевите ангели“ работат вредно
(ФОТО) „Царчевите ангели“ работат вредно

(ФОТО) „Царчевите ангели“ работат вредно

Тренерот на голманите на ЖРК Вардар, големниот стручњак Александар Царчев постојано работи со младите голманки. Тој вчера во „Јане Сандански“ реализираше еден од дузината голмански тренери. На истиот беа голманките на првиот тим: Симона Грујовска, Андреа Илиќ и Јована Трајкоска.  Се работеше на подобрувањето на нивните перформанси.

c1a

Огромен број голмански вежби и задачи, Царчев им подготви за вчерашниот тренинг: ластик  при шут од 9.метра, што бара максимално оптегнување при реакциите. Потоа без нив девојките „летаат“ на високи и ниски удари. Потоа,   подигнат на платформа од 6.метра упатувал шутеви под прав агол за подобрување на реакцијата, истиот метод се користел и од крилна позиција. Вежби за одбрани на високи и ниски топки и во финишот бранење на топки со мал пречник, поточно удари во гол со тениска топка. Сите овие дузина различни методи ја подобруваат нивната ефикасност при интервенциите на ракометните мечеви.

c3

Голманките  се едни од најконстантните во тимот секоја сезона па и на почетокот на оваа. Во воведните кола имаа околу 40% ефикасност на мечевите. По шест кола сериозни бројки се зад нивните имиња, имаат 80 одбрани досега или во посек, 13 и пол  одбранети удари по одигран дуел.

c4
Под негово менторство овие девојки вртоглаво напредуваат, неговите методи ги издигна до ниво да сите три се репрезентативки. Ова лето сите негови пуленки беа дел од ЕХФ Шампионатите во дресот на Македонија, во кадетска и младинска конкуренција. Што е потврда на квалитетната работа на вардаровиот тренер.

c5

Во досегашните шест кола вака изгледаат резултатите на голманското трио на црвено-црните: Грујовска има впишано 39 интервенции, 32 одбрани се зад името на Илиќ, а Трајкоска   има 9 одлично одбранети топки, но таа настапи досега на еден меч.

c6 c6a c7 c8 c9 c10 c13 c14 c16