Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Имаме проблеми со повредени играчи, но наше е да излеземе на терен и да победиме
Стоилов: Имаме проблеми со повредени играчи, но наше е да излеземе на терен и да победиме

Стоилов: Имаме проблеми со повредени играчи, но наше е да излеземе на терен и да победиме

Во недела, Вардар го очекува натпревар од Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков. Црвено-црните ќе се обидат да се вратат на победничките патеки, откако претходно ги загубија двата дуели, од екипите на Веспрем и Кил. Вардар се соочува со проблеми поради повредени играчи и не се знае во каков состав ќе настапиме на овој дуел. На прес-конференција пред медиумите, мечот го најави капитенот Стоилов кој го изјави следново:

-Имавме два тешки меча во Лигата на шампионите и тешки порази се зад нас. Не очекува натпревар против екипата на Брест Мешков во недела, имаме многу проблеми со повредени играчи, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме.

Натпреварот во недела ќе се игра во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:00 часот.