Во рок од 24 часа, Вардар ќе одигра два натпревари. Најпрво во недела, не очекува меч од Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков, додека следниот ден на домашен терен играме дуел од СЕХА-лигата против екипата на Војводина. Денес клубот одржа прес-конференција на која ги искажа и очекувањата за мечот во понеделник против екипата Шампионот на Србија. На истата присуствуваа, тренерот Едуард Кокшаров и капитенот, Стојанче Стоилов.
-Војводина е една од најдобрите екипи во Србија, се работи за тим кој е во нагорна линија. СЕХА-лигата ни е подготовка за мечевите од Лигата на Шампионите, така што во понеделник очекувам добар меч. Секоја екипа има свои планови на овие мечеви, но ние ќе ја играме нашата игра и одиме на победа, истакна Кокшаров.
-Мора да победиме во дуелот со Војводина. Играме на домашен терен и фаворитската улога е на наша страна. Шанса повторно ќе добијат младите играчи кои ќе добијат простор за игра и докажување, додека оние поискусните кои го носат товарот преку целата сезона ќе добијат одмор, изјави Стоилов.
Натпреварот против Војводина ќе стартува од 20:15 часот.