Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > На РК Вардар му треба поддршка во овие моменти, дојдете утре, има дури над 1500 непродадени билети
На РК Вардар му треба поддршка во овие моменти, дојдете утре, има дури над 1500 непродадени билети

На РК Вардар му треба поддршка во овие моменти, дојдете утре, има дури над 1500 непродадени билети

Околу две недели минаа откако беа пуштаени  во продажба поединечните билети за следниот два домашен натпревар на Вардар во ЕХФ лигата на шампионите против Мешков Брест и против Кјелце. Продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку www.ticketplus.mk

На црвено-црните им треба поддршка од фановите, тие по двата неуспеси во групната фаза од ЛШ на утрешниот меч против белорускиот преставник во Лигата на Шампионите, тимот на Мешков Брест ќе се обидат да се рехабилитираат. Покрај тоа имаме и доста повредени играчи, па поддршката од трибините е добродојна. За утрешниот меч се останати над 1500 билети, затоа дојдете да ги поддржиме златните момци.

Натпреварот Вардар – Мешков е закажан за утре,  3 ноември 2019 година во СЦ „Јане Сандански” 17 часот. Цената на поединечните билетите за натпреварите со Мешков се:

* трибина – 350 денари
* А блок – 400 денари

Купувањето на билетите е можно 24/7 преку онлајн – www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот.