Утре нашиот тим ќе ги одигра последните два пријателски натпревари пред заминувањето за
Скопје кое е закажано за сабота. Најпрвин нашиот тим од 10 часот ќе одигра меч против Ерменскиот тим екипата на Улисес. Улисес се наоѓа на лидерската позиција во Ерменското првенство со еден бод повеќе од конкурентите. Ова ќе биде добар меч за докажување на момците на Андреев, со оглед на фактот дека сите играчи ќе добијат шанса за докажување. Овој натпревар ќе се одигра на комплексот Каја – Белек во Анталија.
Додека пак другата екипа на Вардар ќе се сретне со лидерот на табелата во Словачка, екипата на Жилина. Жилина е прославен Словачки тим, со многу титули и успеси, како на домашна така и на мегународна сцена. Тимот се наоѓа на лидерската позиција во својата лига со три бода предност пред конкурентите.
Натпреварот ќе започне од 15:30 на спортскиот комплекс Кемер во Анталија.
Во сабота Вардаровата експедиција се враќа дома.