Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Мурат Куртановиќ:Очекувањата се да го освоиме првенството !
Мурат Куртановиќ:Очекувањата се да го освоиме првенството !

Мурат Куртановиќ:Очекувањата се да го освоиме првенството !

Кадетите на Рк Вардар по првата фаза од првенството се наоѓаат на второто место, со учинок од пет победи и еден пораз.

-Првиот дел од сезоната на беше лоша, факт е дека секогаш може и подобро. Искрено не бевме лоши. Имавме еден слаб натпревар со Металург. Спортската среќа беше на нивна страна, но се надеваме дека на гостувањето ќе ги победиме и ќе го освоиме првенството.

Кадетската екипа ја предводи легендарниот “Зенга“ , кои беа учесници на турнирот кој го организираше клубот Вардар, каде го освоија првото место.

-На турнирот во секој натпревар влегувавме како да е финале за нас, и секоја победа не радуваше.Финалето е уште едно големо задоволство со кое се гордеам.

На 28-ми вефруари почнува вториот дел од сезоната, и тоа со дерби дуелот против Металург, кој најверојатно и ќе го одлучи шампионот за оваа сезона.

-Имаме добри подготовки, вклучувајќи и фитнес.Се спремаме да бидеме максимално подготвени. Очекувањата се да го освоиме првенството. На секој натпревар ќе влегуваме со 100% од силите, поготово со нашиот ривал, екипата на Металург,ни изјави голманот на кадетите Мурат Куртановиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски